Македонската репрезентација во борење од денес ги почна подготовките за Македонскиот бисер кој викендов се одржува во Штип, со вкупно 17 борачи.
За Бисерот ќе се подготвуваат: Минир Реџхепи, Елмедин Сејфулаху, Фати Вејсели, Ријад Реџхепи, Бехар Махмути, Бунјамин Нуиши, Бесмир Весели, Рамадан Мустафовски, Дејан Митров, Владимир Егоров, Теодор Темелковски, Бобан Савов, Столе Ефтимов, Михаел Николов, Могамедгаџхи Нуров и Александар Стојанов.
„Сите ќе добијат шанса да се изборат на најголемиот Меѓународен турнир „Македонскиот бисер“, јуниорите, У-23 и сениорите. Извадивме меѓународни лиценци за сите борачи, за да видиме некои од нив кои се големи таленти. Прво тука да ги тестираме. Очекувам добри борби не ми се важни медалите, туку да го покажат својот квалитет и нивните специкалки што ги работевме повеќе пати на подготовките. На турнирот ќе има борачи од 12 земји. Ова ќе биде силен турнир, а последна држава што го потврди учетсвото е Молдавија. Верувам некој младинец ќе не изненади со добри борби“, вели тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези.
Сепак, под знак прашалник се борачите со македонско државјанство од Русија, бидејќи треба сами да си го платат патот до Македонија. А, како проблем, се намтенува и подготовката на шестмина борачи кои се матуранти.
Ipon.mk/В.Д.