Ќе има реванш меѓу Џошуа и Кличко

Ентони Џошуа во следната борба ќе ги бранат светски титули во тешка категорија во реваншот против Владимир Кличко.

Така вели промоторот на шампионот Еди Херн.

27-годишниот Англичанецот ги обедини титулите ВБА, ИБФ и ИБО победувајќи го Украинецот во 11 рунди на крајот на април пред 90.000 луѓе на Вембли.

Кличко по договорот иа право на реванш, иако формално не ја објавил својата одлука тим на Џошуа се однесува како дека ќе има и друга битка.

„Ги гледаме сите потенцијални локации за реваншот. Не се работи за тоа дека тие мораат да ни пријават датум, за нас борбата се одржува“, вели Херн за Бокс њус.

„Бернд (Боенте, менаџерот на Кличко-н.з.), има состанокот со нив оваа недела. Бројот на понудите што ги добиваме од различни страни значи дека парите се толку големи што не гледам како да го одбијам. Ако и ги игнорираме парите, мислам дека тој го сака тоа. Мислам дека размислува како го имал Џошуа во петата или шестата рунда. Многумина го фалеа за борбата, па зошто да не“?

Џошуа мора да се бори со Кубрат Пулев, задолжителниот предизвикувач на ИБФ, но неговиот тим поднесе барање до Федерацијата за изземање, за да може да го одработи реваншот. Се чека одлуката на ИБФ, која Херн ја очекува оваа недела.

„Сигурно. Мораме да се бориме со Пулев, знаеме дека мора да се бориме со него. Ако не се бориме со него во следната борба, ќе се бориме во онаа позади неа“.

Неколку датуми се во игра, но, најверојатно, шампионот во акција ќе се врати во октомври. Поради лизгачкиот покрив и големиот капацитет, стадинот Присипалити (порано на Милениум, капацитет 74.500 за фудбал) во Кардиф е споменуван како најверојатно место за борбата. Херн добил понуди од целиот свет за повторна средба на двајцата олимписки шампиони.

„Ги рагзледуваме САД, Нигерија, Дубаи и Кардиф. Финансиски, Кардиф е во предност. Парите што ги нудат од други места е огромен, но тоа доаѓа со проблеми. Тоа за нас е нов пазар. Да отидеш и да одржиш настан во Лагос звучи одлично, но логистички е многу тешко. Мора да гледате дали таму има пари? Дали е безбедно? ”

„Финансиски постојат многу подобри понуди од Кардиф, но знаеме дека Обединетото Кралство цврст пазар, веќе работевме овде, иста е временската зона, така што не сакаме да го нишаме бродот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО