Денис Лебедев го брани ВБА појасот во Екатеринбург

Во првиот меч од губење на титулата на ИБФ, Денис Лебедев (29-3, 22 КО) во Екатеринбург ќе ја брани титулата на ВБА супер шампион во крузер категорија.

На 10 јули влегува во рингот со Австралиецот Марк Фланаган (22-4, 15 КО), рангин на осмото место на ранг листата ВБА. 27-годишниот Фланаган ја почна професионалната кариера во 2009 година со лоши резултати. Во првите девет борба имаше скор 6-3, оттогаш забележа 16 победи со еден пораз.

37-годишниот Лебедев во последната борба во декември го загуби ИБФ појасот Мурат Гасиев со поделена одлука, но во невобичаена ситуација неговите претставници успеаја да издејствуваат појасот на ВБА да не биде залог во овој меч и остана светски шампион.

https://youtu.be/xB2PNBNbByE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО