Шабан Сеиди е избран за потпретседател на Македонскиот олимписки комитет

255

Борачката легенда Шабан Сеиди е избран за потпретседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Да потсетиме дека синоќа Даниел Димевски беше избран за претседател на МОК.

Сеиди е задолжен за боречките спортови во Македонија.

Годинава се се навршија 40 години од првиот медал во борење слободен стил на Олимписките игри, тоа е бронзениот медал на Шабан Сеиди од Олимпијдата 1980 година во Моксва.

Сеиди го повтори успехот и на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година кога пак го освои бронзениот медал.

Во кариерата Шабан Сеиди освоил повеќе медали, кој во тоа време е член на БК Скопје.

Најдобри резултати му се 4 златни медали (1974–1979) и 1 сребрен на шест младински балкански првенства слободен стил; на единаесет европски првенства (1975–1987) – сребрен во Познањ (Полска, 1976), златни во Бурса (Турција, 1977) и во Будимпешта (Унгарија, 1983); на светските првенства (1975–1987) – 2 младински и 4 сениорски, сребрени медали во Лас Вегас (САД, 1977), Лозана (Швајцарија, 1977) и Скопје (1981); од четири Медитерански игри (1975–1987) – златни медали во Алжир (1975) и Сплит (1979), а од четири настапи на Олимписките игри (1976–1988) – бронзени медали во Москва (СССР, 1980) и во Лос Анџелес (САД, 1984).

Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1977, 1980 и 1981) и на Југославија (1977).

Ipon.mk