Хабиб Нурмагомедов официјално е број 1 во светот

Најголемата ММА организација во светот – УФЦ, ja ажурираше ранглистата. Неоспорниот и непоразен шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов го зазеде првото место на ранглистата П4П и со тоа е борец број 1 во светот.

Хабиб го симна од врвот Џон Џонс, кој владееше со ранглистата во последните неколку години.

Минатиот викенд во Абу Даби, Хабиб го победи Џастин Гејџи и по трет пат ја одбрани титулата.

Тој ја зголеми својата статистика на 29-0 во кафезот и најави повлекување од спортот. „Орелот“ доминираше над сите свои ривали во организацијата и загуби само две рунди во картичките на судиите. Хабиб ја загуби третата рунда од Мек Грегор, како и првата со Гејџи.

Секако, Нурмагомедов се претстави добро, но судиите пресудија дека ги загубил овие две рунди во целата негова кариера.

„Ова е работата што ја работам цел живот. Никогаш не било лесно. Ништо не ми беше дадено затоа што бев добро момче. Здрава работа, надеж во Аллах и трпеливост, овие три работи ми помогнаа да успеам. Секако, контрола и совет од татко ми, кој вложи многу работа и време во мене“, напиша шампионот на социјалните мрежи откако беше рангиран на првото место.

Владеењето на Хабиб нема да трае долго, бидејќи ако биде сериозен во во врска со пензионирањето, наскоро ќе биде отстранет од ранглистата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО