Боксерскиот спектал во Ријад е одложен – Фјури е повреден

Борбата на годината меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик во тешка категорија во бокс што требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад е одложена. Британецот заработи тешка повреда за време на спаринг и мораше да се повлече од пресметката за обединување на сите светски титули.

Фјури и неговиот тим синоќа објавија дека боксерот нема да биде во можност да влезе во ринг со Усик за две недели поради големата расекотина на десната аркада, што ја заработи за време на спаринг меч. Популарниот „џипски кинг“ изјави дека е разочаран од случувањата и најави дека ќе работи на презакажување на борбата за друг датум.

Виновник за ваквиот развој на настаните е Агрон Смакиќи, хрватски борец со албанско потекло кој е спаринг партнер на Фјури. Тој со години ги подготвува најдобрите светски боксери, а на неговиот Инстаграм профил може да се види и како тренира со Ентони Џошуа.

Во намера што подобро да го подобри Фјури, изгледа дека малку претерал и го повредил ирскиот натпреварувач. Веднаш почнаа теории на завера дека намерно го направил тоа за да му овозможи на својот пријател Филип Хрговиќ да се бори против Усик до што, сепак, нема да дојде. Борбата во Ријад беше тешка 100 милиони фунти и многумина ја нарекуваа најголема во овој век.

Експертите сметаат дека Фјури нема да може да се бори барем три месеци, поради големата расекотина над окото. За ваквите повреди да залечат потребно е време, па можно е борбата да биде презакажана за претстојното лето. Фјури и Усик требаше да се борат за обединување на сите четири најважни светски титули. Британецот, кој е непоразен во кариерата го има појасот во ВБЦ верзијата, додека Украинецот ги има појасите во ВБА, ВБО и ИБФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО