Боксерската легенда тврди: Ентони Џошуа нема шанси против Вајлдер или Фјури

Карл Фроч пред неколку дена изјави дека Ентони Џошуа не го заслужил златниот медал во 2012 година на Олимписките игри во Лондон, а сега додаде уште малку масло на огнот.

Боксерската легенда и Куќа на славните изјави дека Еј Џеј нема шанси против Вајлдер или Фјури, особено по двата порази од Александар Усик во мечевите за шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија.

Џошуа сака да боксира три меча оваа година. Првиот веќе го направи тоа во не многу убедливата победа против Џермејн Френклин.

Веројатно наскоро би требало да боксува против Дилијан Вајт, а на крајот на годината Дионтеј Вајлдер.

Фроч како гостин во подкастот „Напред со Сајмон Џордан“ изјави дека не му дава ни најмала шанса на Џошуа да победи против Бронзениот бомбардер, како и во евентуален меч со шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„Во овој момент не можете да го ставите Ентони Џошуа во рингот со големите момци, а не е тој виновен. Сите би сакале да го направи тоа и да ни докаже дека грешиме, но мислам дека нема шанси против Вајлдер или Фјури во моментов. Се надевам дека ќе може да подобри нешто и да ја заврши кариерата на високо ниво“, изјави Карл Фроч и додаде:

„Но, од она што го видов во неговиот реванш со Александар Усик и во таа камбек борба против Џермејн Френклин, едноставно не гледам ништо што би ме убедило, дури и најмало нешто, дека тој има шанса да го победи Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON