Џеред Андерсон со одлука го победи Чарлс Мартин

Американскиот боксер Џеред Андерсон, познат како Големото бебе, стигна до својата 15-та победа во кариерата.

На настанот во Толедо Андерсон со едногласна одлука на судиите го совлада сонародникот и поранешен светски шампион Чарлс Мартин, кој во мечот влезе како замена за Жан Кособутски поради проблеми со визата.

Мартин ја освои титулата на ИБФ на почетокот на 2016 година и се бореше со некои врвни тешкаши како Ентони Џошуа и Луис Ортиз.

И Биг bејби помина нов тест, а со одлука на судиите (99-90, 99-90, 99-91) го совлада Чарлс Мартин (29-4-1).

Андерсон за прв пат во кариерата ги боксираше сите договорени рунди (десет), па новото искуство добро ќе му дојде во остатокот од кариерата.

„Мартин имаше одличен настап и беше добар. За прв пат имав меч на поени. Сакав да се уверам дека ќе можам да ја издржам неговата сила во сите десет рунди и тој не попушти до крајот“, изјави Џаред Андерсон.

Биг бејби одлично го контролираше натпреварот, а во третата рунда го испрати противникот во нокдаун.

Свои моменти имаше и Мартин, како во петтата рунда кога брилијантно контрираше со левицата.

На крајот, статистиката за погодување беше убедливо на страната на Андерсон, бидејќи погоди 157 од вкупно 369 удари, додека Мартин имаше 85 удари од 324 обиди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО