Боксерската федерација го констатираше срамното однесување во последното коло со објавуањето на конечните резултати во Првата и Младинската лига

 

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) ги објави официјалните резултати од последното (6.коло) во Правта и Младинската лига и конечните табели во двете конкуренции каде што поедник е БК Чаир.

 

Но, супервизорот на БФМ, Душко Сачкарски, забележува:

„ Учесниците на колото и публиката беа на високо спортско ниво се навиваше спортски без било какви инциденти. Но, за жал, ваквото навивање се оствари само во една борба од целокупната програма на 6-тото коло во Младинска конкуренција во категоријата до 81 кг меѓу Никола Бубевски – БК Пинк Пантер Тим и Асрим Етеми – БК Чаир, која се боксуваше во 3 рунди и заврши со победа на Етеми.

Сепак треба да се истакне дека, одредени тренери на боксерски клубови учесници на 6.коло во Првата и Младинска лига во бокс на Македонија за 2017 година, со неспортско однесување, неоправдано прекинување на борбите (со фралње на пешкир) нанесоа голема штета на: боксерскиот спорт, правилата за бокс, вложувањата на Федерацијата, присутната публика, а посебно се заборави на најбитната компонента во спортот „фер-плејот“, односно „победата да ја понесе подобриот во спортско натпреварување““, заклучува супервизорот Сачкарски и препорачува:

„За ваквото однесување во наредниот период Федерацијата ќе треба да преземе соодветни активности и мерки за сузбивање на вакви однесувања и неодговорност према Боксерската федерација и спортот“.

Во Првата лига Чаир е прв со 50 бода пред Алексо Огеновски со 30 и Тернипе со 21.

На овие екипи, согласно пласманот, ќе им бидат доделени парични награди од 40.000, 30.000 и 20.000 денари.

Во Младинската лига Чаир е прв со 70 бода, втора е екипата на Пинк Пантер со 67, а трета е Баргала со 61.

Наградите во оваа конкуренција се во висина од 30.000, 20.000 и 10.000 денари.

Резултати 6.коло Прва и Младинска бокс лига

Кадети
-63 кг Алпај Демиров (Баргала) – Алми Роча (Чаир) 2-0 (прекин, Р1)

Јуниори
-64 кг Сезар Алили (Шкендија) – Христијан Тодоровски (А. Огненовски) 2-0 (прекин, Р2)
-64 Сухејб Имери (Шкупи) – Кире Јаневски (Аперкат) 2-0 
-69 кг Елмедин Истрефи (Чаир) – Омер Исени (Шкупи) 2-0 (прекин, Р1)
-75 кг Октај Фератов (Борец) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 2–0 (прекин, Р1)
-81 кг Никола Бубевски (Пинк Пантер) – Арсим Етеми (Чаир) 1-2
-91 кг Петар Шипинкоски (А. Огненовски)- Роберто Ристовски (П.Пантер) 0-2 (прекин, Р2)

Сениори
-69 кг Љуљзим Исмалили (Чаир) – Даниел Вретовски (А. Огненовски) 2-0 (прекин, Р1)
+91 Бојан Ристески (А. Огненовски) – Дејан Ристевски 0-2

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО