Со прекин во првата рунда Иван Викиќ го совлада Влаовиќ и ја прекина серијата на порази (ФОТО)

Го смени тренерот, најави победа и ја извојува тешкашот на Спартак од Кочани, Иван Викиќ, кој вечерва на ГФЦ (Гладијаторс фајтинг чемпион) во Врање го совлада Томо Влаовиќ со прекин во првата рунда во категоријата до 93 килограми.

Со оваа победа Викиќ ја прекина серијата на порази која беше и поради лошите проценки, затоа што промотерите го местеа на многу поискусни борци, а кои од другите беа избегнувани.

Викиќ се подготвуваше со тренерот Саша Михајловиќ (кик бокс тренер) кој многу вложил труд во негвоите подготовки.

Но се се плаќа…

„Бидејќи се борев со многу поискусни и појаки борци од мене, подготвен сум психички за овој меч и жеден за победа. Ќе дадам се од себе за да победам“, рече неколку дена пред борбата Иван Викиќ кој од неодамна се пресели да живее во соседна Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО