Боксерка си го убила мажот со бејзбол палка

Поранешна професионална боксерка се соочува со закана дека ќе одлежи најмалку 10 години затвор, откако полицијата пронашла докази дека го убила својот сопруг. Вивијан Обенауф, која има 14 победи и 6 порази во професионалниот ринг, е обвинета за убиство со умисла на својот партнер, сопственик на синџир ресторани во Швајцарија!

Семејната драма се случи на крајот на 2020 година, но дури сега се појавија докази за поддршка на обвинителството и оттаму за покренување обвиненија за убиство со умисла.

Обенауф, која загуби од Кејти Тејлор во 2016 година на прелиминарен меч во Манчестер, во кој Ентони Џошуа го нокаутира Ерик Молина во третата рунда, е приведен во Интерлакен. Таа е обвинета дека го удрила сопругот 19 пати со бејзбол палка. Тие се во брак само 10 месеци.

Според швајцарскиот печат, новите докази за докажување на нејзината вина се поврзани со фактот дека Обенауф била единствената која имала резервен клуч од станот на нејзиниот сопруг. Полицијата не утврдила кражба.

Самата таа тврди дека била во нејзиниот дом и гледала филм, но сведок рече дека го видел нејзиниот автомобил паркиран пред блокот на жртвата непосредно пред убиството. Друг доказ кој може да ја стави боксерката во затвор 10 или повеќе години е присуството на нејзината ДНК на телефонот на нејзиниот сопруг, кој бил скршен во нападот. Самата таа категорично ги отфрла обвинувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО