Бадр Хари: Ќе го потсетам Вжосек колку силно удирам

Бадр Хари едвај чека да влезе во рингот во Белгија. Мароканската ѕвезда неодамна потпиша нов долгорочен договор со Глори и ќе се врати во март. „Голден бој“ ќе има реванш-меч со Аркадиуш Вжосек на Глори 80 на 19 март во Белгија.

Во септември минатата година ја видовме нивната прва борба. Во неа Бадр водеше и го испрати Полјакот 3 пати во нокдаун. Бадр тргна во потрага по нокаут и му дозволи на Вжосек да зададе хај-кик и да го нокаутира во втората рунда.

Неодамна, Вжосек изјави за Глори дека ударите на Хари биле силни, но не доволно силни за да го нокаутира. Ова го испровоцира Бадр да му одговори и напиша:

„Некој доби на лотарија во нашата прва борба и време е да го потсетиме неговото слабо тело колку силно го удрив.

Имам прекрасни спомени од мојата последна битка во Белгија, едвај чекам да ја видам мојата армија таму. Белгијо, биди подготвена“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО