Боксерите се подготвуваат во Охрид за европските првенства за сениори и за млади сениори

Македонските боксери се на осумдневни подготовки во Охрид за Европското сениорско првенство во Белград, Србија, и Европското првенство за млади сениори во Пореч, Хрватска.

За ЕП за сениори од 18 до 28 април во Белград се подготвуваат Ален Рустемовски, Арјан Исени, Дион Лена и Алим Насуфи, а ЕП во Пореч од 2 до 15 април на подготовки се Бајрам Маутовски и Аријан Рустемовски.

Сениорите откако ќе ги завршат подготовките ќе два дена одмор, потоа заминат за Белград каде што ќе продложат со тренинзите до 16 април, додека младите сениори ќе отпатуваат за Пореч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО