Боксер погоден со канта мраз, по што изби масовна тепачка (ВИДЕО)

kanta mraz Kuk batler

Пет лица се повредени во тепачка во Бел центарот во Монтреал по борбата на домашниот борец Брендон Кук и боксерот од Онтарио Стивен Батлер.

Непоразениот супервелтераш Кук (18-0, 11 КО) го победи Батлер (18-1-1, 15 КО) со прекин во седмата рунда и му нанесе првиот пораз.

Батлер не го поднесе најдобаро поразот и го турна Кук кого во тој момент ја погоди кофа со мраз.

Полицијата соопшти дека по тоа во салата започнале повеќе тепачки и гледачите почнале да фрлаат шишиња и столчиња во рингот, а уапсени се две лица.

Победник Кук е еден од петмината повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО