Боксер почина од срцев удар на меч во Германија (ВИДЕО +18)

Светот на боксот повторно е покосен од крајно непријатен инцидент кој заврши на најлош начин. Нов случај на починат боксер ги потресе Германија и Европа, а несреќата се случила за време на меч.

Муса Јамак, 38-годишен Германец со турски корени, почина за време на неговата последна борба минатиот викенд во Гарчинг, Баварија.

Трагедијата се случила непосредно пред почетокот на третата рунда, кога Јамак се обидел го продолжил мечот, но наеднаш колабирал и се онесвестил. Луѓето од неговиот штаб и медицинските лица околу рингот веднаш влегле во рингот, а гала вечерта била прекината.

Од полицискиот извештај се гледа дека откако навивачите ја напуштиле салата, јажињата во рингот биле одврзани за да не им пречат на медицинските лица. За жал, болничарите доцнеа поради гужвата надвор што ја направија навивачите.

Друга верзија за тоа што се случи се тренерите на починатиот и организаторите на галата:

„Работите не се случија како што е опишано во полицискиот извештај. На Јамак гледачите му пружиле прва помош. Се обидовме да го спасиме додека ги чекавме болничарите. Сами ги тргнавме јажињата, а полицијата беше прилично агресивна кон нас и постојано ни викаше.

Нашиот брат загина во рингот, а тие ни викаа да си одиме и не навредуваа. Не можеме секогаш да бидеме виновни“, вели човек од штабот на Муса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО