Бокс репрезенатацијата во У-22 од утре во Скадар на завршни подготовки за ЕП

Македонската бокс репрезентација поради подобри услови еден ден порано заминува на завршните подготовки за Европското првенство за млади сениори (У-22) во  во Тргу Јиу, Романија, од 24 март до 2 април.

На подготовки утре во Скадар, Албанија, ќе заминат Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасин Лама под водство на тренерот Мирко Ристевски. Нашите боксери со албанската репрезентација ќе се подготвува до 21 март, потоа се враќаат во Скопје за да се одморат и подготват 1-2 дена. По малиот одмор под водство на селекторот Петар Чурлиновски и на тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху заминуваат за Романија.

Да потсетиме дека првично беше планирано да се оди на подготовки во Хрватска, но од Албанија понудиле подобри услови за подготовки.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО