Бојана Лазаревска најдобра странска борачка, а Безбедност најдобар клуб на „Крагуевац 2018“

Бојана Лазаревска (65 кг) го освои златниоте медал и е прогласена за најдобра странска борачка на Меѓународниот турнир во борење слободен стил за жени „Крагуевац 2018“, а ПБК е најдобар клуб на турнирот во женско борење.

Голем успех остварија Марија Спирковска (45 кг) и Олгица Коцева (55 кг) кои во своите категории ги освоија сребрените медали. Иако не освои медал, добри борби прикажа и Леона Топаловска, која прв пат настапи на меѓународен турнир.

„Безбедност на најдобар можен начин го репрезентираше македонско борење и Република Македонија. Ова е голем успех на стручниот штаб на Безебедност, д-р Страшо Глигоров, Душко Јовановиќ, Катерина Поповска и Фаик Кадри“, велат од клубот.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО