Богданов стави печат на полусезоната со 10-тата победа во Обер лигата

dalibor-bogdanov-borba-11-12-2016

Далибор Богданов стави печат на полусезоната во германската Обер лига со победа над Романецот Силвиу-Андреи Јараску од екипата на Аугзбург.

dalibor-salvi-pobeda-11-12-2016

Во последното коло ЕСВ Минхен Ост гостуваше во Аугзбург, а Богаднов настапи во категорија до 75 кг слободен стил и извојува победа од 13-9 над.

dalibor-bogdanov-pobednik-11-12-2016

„Доста изедначена и активна борба. Задоволен сум од резултатот во оваа сезона, можеше и подобро, но пречка ми беше и повредата на ногата која ми донесе автоматски и два порази, а останатите 10 се победи од вкупно 12 борби. Седум борби во слободен стил и пет во грчко-римски. Сега ќе тренираме повеќе за турнирите и воедно ќе се спремам за следната сезона“, вели Богданов, кој освои вкупно 34 поени, а загуби 8. Од 12 борби 7 се во слободен стил 5 е во грчко-римски, однонсо 11 во категоријата до 75 кг и една во – 86 кг. Една борба добил со туш, а другите девет со технички туш.

dalibor-bogdanov-tabela-11-12-2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО