Џони Хендрикс прво беше претежок за борба со Тим Боеч во средна категорија, а кога влезе во кафез претрпе нокаут.
Боеч е поранешен шампион во велтер категорија го начна со висок удар и го заврши со удари во почетокот на втората рунда. На Хендрикс ова му е четврти пораз во последните пет борби.
https://youtu.be/nFis_efKCVc
Во главната борба на вечерта на УФЦ Фајт најт 112 во Оклахома Сити, Кевин Ли со давење од позади во првата рунда го победи Мајкл Ќиеза. Се чинеше дека Ќиеза беше блиску до губење на свеста и судијата Марио Јамасаки прерано ја прекина борбата.
https://youtu.be/gcUDhlPsXxY
Иако и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, го критикуваше прекинот, Ли, сепак, доби бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта. Истата награда ја добија и Тим Боеч, како и Доминик Рејес, кој во своето деби за 29 секунди го нокаутира Јоаким Кристенсен и Џереми Кимбол кој во првата рунда го нокаутира Џпоша Стансбари.
https://youtu.be/kdqN_lqMtY4
Во судирот на ветераните Денис Сивер со мнозинска одлуката на судиите го победи БЈ Пен. На поранешниот првак на УФЦ во лесна категорија и во велтер ова му беше петиот последователен пораз.
УФЦ Фајт најт 112
Тим Боеч – Џони Хендрикс (ТКО, Р2)
Феличе Хериг – Џастин Киш (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 29-27)
Доминик Рејес – Јоаким Кристенсен (ТКО, Р1)
Тим Минс – Алекс Гарсија (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Денис Сивер – БЈ Пен (едногласна одлука, 28-28, 29-28, 29-27)
Клеј Гвида – Ерик Кох (едногласна одлука, 29-28, 29-26, 30-27)
Марвин Ветори – Витор Миранда (едногласна одлука, 29-28, 30-27, 30-27)
Карла Еспарза – Марина Мороз (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28)
Дарел Хорчер – Девин Пауел (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Џаред Гордон – Мајкл Киеза (ТКО, Р2)
Тони Мартин – Џони Кејс (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Џереми Кимбол – Џош Стансбари (ТКО, Р1)