Бодибилдинг и фитнес репрезентацијата на Македонија утрово заминува за Чачак, Србија, на вториот дел од Балканското првенство 2017.
За нашата репрезентација ќе настапат: Александар Трајковски, Дарко Стојановски, Кристијан Донев, Зоран Петрески и Ангела Гелинческа. Тие беа победници на Купот на Македонија.
Натпреварот е во сабота (13 мај), а од нашата репрезентација очекуваат успешен настап на репрезентативците.
Ipon.mk/В.Д.