Џошуа ќе се сретне со Пулев ако му откаже Кличко

Ентони Џошуа ќе се сретне со Кубрат Пулев ако Владимир Кличко се откаже од идејата за реванш против Британецот. Тоа го потврди менаџерот на Џошуа, Еди Херн.

Владимир Кличко има клаузула во договорот кој му овозможува да добие реванш од ЕЏ. Се очекува наскоро Украинецот да одговори, дали ќе се врати барем уште еднаш во рингот.

Ако не се случи тоа, Џошуа ќе се бори со Кубрат Пулев. Најверојатно наесен во Кардиф на Пинсипалити стадионот.

„Ако Кличко се врати од одмор и каже дека не сака реванш, тогаш несомнено ќе има меч со Пулев“, потврди Еди Херн.

„Неколку пати раговарав со менаџерот на Кличко, Бернд Бонте. Владимир две недели ќе помине со семејството и ќе донесе одлука“, додаде тој.

„Во некоја фаза ќе треба да има и меч со Пулев. Зборувам и со неговиот промотор Кале Зауерланд, со кого добро се познаваме. Ако Џошуа не боксува со Пулев сега, ќе треба да го направи тоа по Кличко“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО