Дана Вајт: Конор сака два пати да се бори годинава

Откако го победи Еди Алварез и стана шампион во лесна категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, си зема подолг одмор очекувајќи го раѓањето на своето прво дете.

Во моментов менаџерите на Ирецот ги продолжуваат преговорите за бокс мечот со Флојд Мејведер, иако има доста конроверзи во врска со договорот.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека желбата на Конор е да се бори два пати до крајот на годината.

„Конор сака да се бори. Сака да се бори со Флојд, генерално два пати во текот на оваа година. Ќе видиме што ќе се случи“, посочи Вајт.

Според разни гласини во последно време, ако пропадне мечот со Флојд во оваа фаза, Мек Грегор ќе се врати во октагонот за дуел со шампионот во полусредна категорија Тајрон Вудли. Ова сепак се само шпекулации во оваа фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО