Бобан Илиоски се соочи со Лука Поповиќ пред утрешниот меч (ФОТО)

Бобан Илиоски успешно го помина мерењето пред утрешното деби во професионалниот бокс во Белград (Обреновац),каде што ќе ги одмери силите со Лука Поповиќ во категоријата до 80 килограми. Мечот е закажан за утре (петок) во 20 часот во Белград во 4 рунди.

Лука има 4 профи борби 40 аматерски. Бобан е дебитант во професионалниот бокс, а во аматерска конкуренција насатпи во 2016 година во полуфиналето на 46-от Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје. Илиоски се сретна и одлично се носеше со шампионот на Србија, Алекснадар Костиќ.

За професионалното бокс деби се подготвуваше во матичниот клуб „Магнус“ со тренерот Дејан Митровски – Урко. Потоа заминал на подоготовки и на Власинско еезеро во Србија, каде што тренирал со тренерот Срѓан Радуловиќ.

„Добро сум подготвен. Одам на победа, тоа ми е основниот мотив“, вели Илиоски.

Во главната борба на вечерта Марко Николиќ ќе ја брани титулата ВБЦ шампион на Медитеранот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО