Бобан Илиоски го нокаутира Медеирос во првата рунда на Светското мај тај првенство (ВИДЕО)

Бобан Илоски го нокаутираше Џонатан Медеирос од Перу во првата рунда во категоријата до 81 килограм на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.

„На противникот два пати му броеја во првата рунда кој беше 15 години постар и поискусен од него. Но, Боби од самиот старт почна остро и агресивно, со што на противникот не му даде момент да изработи нешто. Секој напад му беше пресретнат и доминираше чисти удари“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

Наредната борба на Илиоски е со Свон Тарнер од Канада.

Резултати

-67 кг Б класа
Хадис Рамадани – Џонатан Семинарио (Перу) 27-30

-81 кг Б класа
Бобан Илиоски – Џондсон Медеирос (Бразил) победа со КО, Р1

-86 кг Б класа
Димитар Ѓоргиев – чека противник 16 мај

https://www.facebook.com/IPON.mk/videos/1651861011595837/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО