Бобан Илиоски е во големото финале на Светското кик бокс првенство, утре се бори за златен медал

Бобан Илиоски се пласира во голеото финале Светското кик бокс првенство во Албуфеира, Португалија, откако во полуфианлето извојува убедлива победа против Елјан Алкишијев од Азербејџан со 3-0.

Бобан утре во финалето Бобан ќе се бори против Нурбек Уришбоев од Узбекистан.

Илиоски обезбеди најмалку сребро, но целтa е злато.

-Бобан во сите три рунди водеше со резултат 3-0. Борецот од Азербејџан со предходните борби кој ги имаше беше анализиран од нашата страна и изготвивме тактика која Боби целосно ја спроведе и реализира во целост. Со оваа борба обезбедивме сребро за Македонија. Утре одиме по златото во финалето по тоа за што сме дојдени“, изјави претседателот Дејан Митровски Урко.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО