Две години од пречекот на Емил Павлов – светскиот карате вицешампион (ФОТО)

Поминаа точно две години откако најдобриот македонски каратист во борби Емил Павлов беше пречeкан на „Меѓународниот аеродром Скопје” по освојувањетона сребрениот медал на Светското првенство во карате во Дубаи.

Тогаш фановите му порачаа во еден глас: „Емил ти си наша икона“!

Тоа беше најголем успех на македонското карате, а претходна таа почест ја имаше неговиот тренер Жарко Арсовски кој на СП во Блеград 2010 година освои бронзен медал.

Да потсетиме дека Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство (СП) во Дубаи (категорија до 67 кг), откако во финалната борба загуби од францускиот претставник и носител на златен медал од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио годинава, Стивен да Коста.

Павлов до финалниот дуел на СП 2021 дојде откако забележа пет победи, и тоа против Словакот Матеј Хомола, Узбекистанецот Садридин Сајматов, Јорданецот Абдалах Хамат, Египќанецот Али Елксави и во полуфиналето на дуелот со Унгарецот Мартиал Тадиши.

Освен тоа, Павлов е двократен европски првак (во Тампере во 2014 и во Нови Сад во 2018 година) и двапати трет (во Монпелје во 2016-та и во Гвадалахара во 2019 година), а освојувач е и на бронзен медал од Европските игри во 2015 година во Баку.

Годинава немавме момент за радост, за што стручната фела вели дека нешто фалело во подготовките, затоа да се присетеме како беше на дочекот на Емил со сребрениот медал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО