Боб Арум разочаран од судиското бодување на мечот во кој Усик го совлада Фјури

Легендарниот боксерски промотор, 92-годишниот Боб Арум, по синоќешниот меч во кој Џек Катерал го победи Џош Тејлор, се нафрли на судиските резултати и зборуваше за кражба.

А пред неколку дена се осврна и на неодамнешната борба за апсолутен светски шампион во тешка категорија, кога Александар Усик го победи Тајсон Фјури со поделена одлука.

Кралот на Ромите по мечот беше убеден дека направил доволно за да победи, без разлика што беше соборен во деветата рунда.

И неговиот копромотор Боб Арум го дели истото мислење.

„Го гледав мечот покрај Френк Ворен. По десетата рунда му кажав дека Тајсон мора да добие уште една за да победи“, изјави Боб Арум и додаде:

„Првата рунда беше на Усик, а следните шест му припаднаа на Тајсон. Тогаш Усик победи три рунди по ред, а од последните две Фјури победи барем во една. Така броев, седум рунди му припаднаа на Фјури, а Усик беше подобар во пет. И еден од судиите го виде истото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО