Боб Арум ја поддржува идејата за организирање меч меѓу Рајан Гарсија и Теофимо Лопез

Боксерскиот промотор Боб Арум истакнува дека му се допаѓа идејата на Оскар де ла Хоја, кој сака во февруари следната година да организира меч меѓу Рајан Гарсија и Теофимо Лопез.

Сопственикот на Топ ранг тврди дека шампионот на ВБО во суперлесна категорија Теофимо (19-0, 13 КО) е заинтересиран и за меч против Рајан (23-1, 19 КО).

Де ла Хоја сака да организира борба Теофимо против Рајан во новата Сфера арена со 18.600 седишта во Лас Вегас. Тоа би била огромна борба во која и двајцата борци би заработиле големи пари.

Доколку Дерик Џејмс, новиот тренер на Рајан Гарсија, ги подобри вештините кои несомнено ги поседува Кинг Рај, а кои ги потисна некаде на последниот меч против Џервонта Дејвис, има шанса да го победи Лопез.

Да потсетиме, Тенк во април во седмата рунда го совлада Гарсија со нокаут и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

И победникот од борбата Лопез-Гарсија би можел да добие шанса да се бори против подобриот од мечот Реџис Програис-Девин Хејни што требаше да се одржи подоцна следната година.

„Мислам дека тоа е одлична идеја. А Оскар де ла Хоја го сметам за добар пријател. Толку години го промовирам, па се надевам дека таа борба ќе успее“, изјави Боб Арум и потврди дека мечот ќе се одржи за викендот на Супер бол, што значи на 10 февруари:

„Да. Да се ​​надеваме дека ќе го организираме тој меч. Не можам да гарантирам, но Тео е дефинитивно заинтересиран да се бори со Рајан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО