Кристијано Роналдо направи реклама за Нгану – Фјури

Кристијано Роналдо ги користи своите актерски способности во промотивно видео за борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану.

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија ќе се соочи со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија во интригантен боксерски меч кој ќе се одржи во Саудиска Арабија на 28 октомври.

Очите на светот ќе бидат насочени кон Ријад за борбата во 10 рунди. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ објави видео на кое може да се види како го поставува следното прашање на новинарот: Што мислите за шансите на Френсис против Фјури?

Не би било изненадување доколку Роналдо биде забележан на судирот Фјури против Нгану бидејќи 38-годишникот е љубител на боречките спортови.

Единствениот проблем со кој се соочува Роналдо кога станува збор за присуство на уште еден настан исполнет со ѕвезди на Блискиот Исток е фактот што истиот ден Ал-Насер ќе игра против Ал-Феиха.

Сепак, репрезентативецот на Португалија има пристап до приватни авиони и лесно може да оди на борба доколку изрази желба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО