Боб Арум: Фјури ќе одлучи сам, но има големи битки пред себе

Промоторот на Тајсон Фјури, Боб Арум, во овој момент ќе остави на својот клиент да размисли дали да ја заврши кариерата. Британецот има 33 години, но најави дека веќе постигнал доволно во рингот.

Минатиот викенд „Џипси Кинг“ го нокаутира Дилиен Вајт пред 94.000 луѓе на Вембли и повторно ја одбрани светската титула во тешка категорија.

„Сега е добро време да се размислува за Фјури“, започна Арум.

„Логично, ако нема добри можности на хоризонтот, тогаш откажувањето е најдобрата опција. Сепак, пред него се многу големи битки. Епохални дуели во блиска иднина.

Сега оди на одмор со семејството во САД и ќе имам доволно време да разговарам со него. Нема да го убедувам или нешто слично. Се зависи од него. Фјури е многу интелигентен и сам ќе ја донесе одлуката“, додаде Боб Арум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО