Дајна Вајт: Конор Мек Грегор се враќа наесен

Дајна Вајт очекува Конор Мек Грегор да се врати наесен.

Поранешниот двоен шампион веќе почна да тренира, но Вајт ќе чека лекарите да дадат зелено светло. Претседателот на УФЦ тврди дека Конор се уште не бил подготвен и затоа не разговарал за можни битки со негово учество. Но, тоа ќе се промени кога Мек Грегор целосно ќе закрепне.

Пред една година Конор беше опериран откако ја скрши ногата. Ова се случи во битката со Дастин Пориер во летото 2021 година. Мек Грегор влезе во серија од 2 последователни порази и многу се здебели. До денес тој тежи над 85 килограми.

Вајт верува дека Конор на лето ќе почне да тренира со полна пареа, а неговото враќање ќе биде наесен.

„Не сме разговарале ништо за Конор Мек Грегор. Не е подготвен. Сето тоа може да се смени налето.

Ќе видиме кога ќе биде подготвен за борба. Ќе почнеме да разговараме за ривалите кога лекарите ќе му кажат дека целосно се опоравил. Ако се оди според планот, тогаш веројатно ќе го видиме наесен.

Ако неговата нога целосно закрепне, тогаш Конор ќе се врати наесен“, изјави Вајт за Сан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО