Блахович го предизвика „дебелкото“ Кормиер и доби одговор

Новиот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Јан Блахович, го предизвика поранешниот шампион Даниел Кормиер.

Блахович ја освои титулата откако го победи Доминик Рејес во главната борба на УФЦ 253 минатиот викенд во Абу Даби.

Само неколку дена подоцна, тој повика на меч со Кормиер, очигледно изнервиран од нешто што го изјави поранешниот шампион.

„Еј, Кормиер! Ако имаш многу да ми кажеш, тргни го дебелиот задник од каучот и качи се во октагонот. Јас ќе те научам на почит”.

Не е јасно што точно рече Кормиер за Блахович, но одговор на предизвикот не се чекаше многу.

„Нема шанса, шампиону. Секоја чест за твојата голема победа. Ти си човекот! Ти си кралот сега и не треба да ти е гајле што ќе каже стариот пензионер. Добра работа заврши со преземањето на титулата“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО