Благој Иванов ја одбрани светската титула за 1,43 минути (ВИДЕО)

Бугаринот Благој Иванов – Багата ја одбрани светската титула во тешка категорија во верзијата ВСОФ/WSOF на импресивен начин, откако со давење го победи Американецот Шон Џордан – Дивјак за 1,43 минути во рингот во Верона, во државата Њујорк.

Тоа е трета одбрана на појасот на Иванов и последен меч од договорот со организацијата.

Багата, навидум, ја започна борбата претпазливо со 6 килограми потешкиот ривал со искуство во УФЦ, препуштајќи му иницијативата на Дивјакот. Американецот успеа да зададе еден лоу кик кој беше сигнал за Иванов да почне да напаѓа.

Тој успеа да пласира лево, а потоа и силно десно кроше во главата на Американецот, кој беше сериозно разнишан. Следуваше ново лево кроше и моќен напад со серија удари, со кои Дивјак беше бомбрадиран, а Иванов ја продолжи жестоката акција пред судијата да го прекине дуелот.

„Бев многу добро подготвен, за пет рунди, но ја завршив работата многу порано. Сакам да продолжам да се борам со силни ривали. Останувам во ВСОФ“, рече неколку минути по победата Иванов, со што стави крај на шпекулациите за неговата иднина .

https://www.facebook.com/MmaWorldSeries/videos/1582726905087970/

https://youtu.be/ZZo4Sy9kRqA

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО