Благој Иванов дебитира во УФЦ против Жуниор дош Сантос

Благој Иванов – Багата деби за најпопуларната ММА орагнизација УФЦ ќе го направи против поранешниот шампион Жуниор дош Сантос (Бразил). Веста протече пред неколку часа на специјализираните американски сајтови. Дуелот ќе биде голем настан на 14 јули, кој ќе се одржи во Боиз, Ајдахо (САД).

Пред неколку дена беше објавено дека Иванов потпишал договор со УФЦ.

Уште не се јасни деталите од договорот. Бугарскиот борец последен пат се бореше во ноември 2017 година кога го порази Кајо Аленкар. Поранешниот светски шампион во самбо е во серија од пет последователни победи. Тој има 16 победи и 1 пораз во својата кариера.

Жуниор дош Сантос ја освои титулата на УФЦ во тешка категорија во 2011 година, нокаутирајќи ја ѕвездата Каин Веласкез, со кого имаат вкупно три борби. Од него и го изгуби појасот. Бразилецот е последниот човек кој го победил актуелниот шампион на организацијата Стипе Миочиќ во 2014 година. Минатата година имаа реванш меч за титулата. Американецот со хрватско потекло го победи со нокаут во првата рунда.

Дош Сантос мораше да се бори во септември со Френсис Нгану, но беше позитивен на допинг тестот. Неговата казна истече пред една недела.

https://youtu.be/GCn2DvYMY6k

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО