БК Чаир двојнта круна ја прославува во Банско

Екипата на Боксерскиот клуб Чаир која бро 17 члена е во скијачкиот центар Банксо во Бугарија.

„Дојдовме во Банско да ја прославиме двојната круна во Првата и Младинската бокс лига на Македонија и да ги одмориме боксерите од напорната сезона, но и да ги наполнат батериите со чист воздух. Екипата ја сочинуваат боксери, од кадети до сениори, кои настапуваа во текот на сезоната, како и нивните тренери. Се надевам дека добро ќе одморат уживајќи во убавините на Банско, а потоа почнуваме со подготовките за сезоната што е пред нас“, изјави првиот човек на БК Чаир, Фатон Салиху.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО