Бившата на Дмитри Бивол: Го проколнувам! Ќе навивам за Артур Бетербиев

Екатерина Бивол, која е поранешна сопруга на шампионот во бокс во полутешка категорија на ВБА и ИБО, Дмитри Бивол, одговори за кого ќе навива во претстојната борба на поранешениот сопруг и светскиот шампион во бокс во полутешка категорија ВБЦ, ИБФ, ВБО, Артур Бетербиев.

Тие ќе се борат за неприкосновената титула во октомври во Саудиска Арабија. Пред неколку недели Екатерина го повика Бетербиев да се повлече од борбата. Таа сака Бивол да и даде 33% од неговиот хонорар од оваа средба. Екатерина не е задоволна со 1.000 долари кои Бетербиев и ги дава за да ги чува нивните две деца.

Минатата година стана познато дека парот се развел, а оттогаш Катја не престанува да го навредува боксерот. Таа го обвини за семејно насилство и откри дека во младоста продавал дрога. Сега Екатерина изјави дека секогаш ќе се бори против него и во неговата претстојна битка се надева дека ќе загуби.

„Ќе навивам за Артур Бетербиев. Знам дека Бивол може да победи. Некогаш го сакав таткото на моите деца, но кога тој целосно им го сврте грбот на моите деца, го проколнав. И Господ ќе ми прости, нема да лажам. Сега секогаш ќе се борам против него“, напиша Екатерина на својата страница на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО