Бивол: Бетербиев е силен како карпа

Шампионот на ВБА во полутешка категорија (до 79,4 кг), Русинот Дмитри Бивол ги сподели своите очекувања од евентуална борба со сонародникот Артур Бетербиев, кој ги има титулите во ВБЦ, ИБФ и ВБО.

„Тој е многу силен, како карпа. Неговите удари се многу тешки… Да бидам искрен, мислам дека ова е мојот најтежок тест. Тој е физички посилен од Канело Алварез и има добра техника. Многу луѓе зборуваат за неговата моќ, но забораваат на неговата техника. Сакам паметен бокс и верувам дека ќе го покажам овој бокс. Се надевам техниката ќе ја надвладее силата. Се надевам дека овие вештини ќе победат“, рече Бивол за Мечрум бокс.

Претходно, Дмитри Бивол ја коментираше победата на Артур Бетербиев во борбата со Британецот Калум Смит, која се одржа на 14 јануари во Монтреал (Канада).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО