Битолчани освоија 11 медали на „Софија опен“, Бојан Милески со најдобра изведба

Паунд фор паунд од Битола на Меѓународен турнир во џиу џицу и граплинг „Софија опен 2021“ во Бугарија освои 11 медали – 6 златни, 1 сребрен и 4 бронзени и тоа со шест натпреварувачи (2-ца јуниори -18 год.и 4-ца сениори над 18 год.)

Статистиката покажува дека момците на тренерот Сашко Мирчевски остварија 27 победи и 11 порази.

„Добри изведби на нашите млади натпреварувачи кои преку вакви турнири растат и созреваат во вистински борци во боречкиот спорт, за во иднина да ги гледаме на врвни профи-турнири.
Статистички за најдобар спортист од нашиот клуб е Бојан Милески со 6 победи без пораз во својата категорија, а поради пропуст не се бореше во апсолутна категорија“, истакнува Мирчевски и додава:

„Исто така златни медали освоија и Дамјан Стојчевски со 5 победи без пораз во јуниории Трајче Мицевски со 7 победи и 3 порази севкупно“.

Тој вели дека и останатите одлично одработиле, со тоа што имало и судиски грешки кои ги чинеле натпреварувачите посјаен медал.

„Научија добри лекции, на крај сите станаа медалисти со заслужени 2-3 победи до бронза. Во целина, добар почеток на натпреварувањата после една година“, оценува Мирчевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО