Ворингтон со скршена вилица по поразот од Ворингтон (ВИДЕО)

Џош Ворингтон е отпуштен од болница со голем број повреди по поразот од Маурицио Лара.

Британецот беше подложен на скенирање и нема повреди на мозокот, но има скршеница на вилицата, ушното тапанче и повреда на рамото.

„Воинот од Лидс“ беше шокиран од 22-годишниот Мексиканец при враќањето во рингот по пауза од една година и четири месеци.

Претходно беше јасно дека Еди Херн ќе ја активира клаузулата за реванш во нивниот договор.

Ворингтон сега е дома и го започнува закрепнувањето.

Шампионот упати многу непотребни удари. Неговите повреди можеа да бидат избегнати, но судиите го пуштија да се бори до деветата рунда.

Миленикот на градот Лидс се претстави далеку под просечното ниво.

Ова е прв пораз за Ворингтон во професионалната кариера. Пред борбата важеше за тотален фаворит.

Букмејкерите му даваа коефициент 1,03 за победа, а за Мексиканецот Лара облогот беше 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО