Тревор Брајан е подготвен да го предизвика победникот од Џошуа-Фјури

Тревор Брајан, кој пред неколку дена ја освои „регуларната“ титула во тешка категорија на ВБА совладувајќи го Бирмејн Стиворн, изјави дека очекува да се бори со победникот од мега-судирот Ентони Џошуа (ИБФ, ИБО, ВБА Супер светски шампион и ВБО) и Тајсон Фјури (ВБЦ).

„Фјури и Џошуа имаат одлична борба. Тие се двајца одлични луѓе со вештини и талент и подготвени се да се обложат на сè. Нека победи подобриот. Но, дефинитивно едвај чекам да се борам со победникот. Сакам да ги тестирам моите вештини против еден од овие двајца шампиони. Со нетрпение очекувам да се борам со еден од овие шампиони “, изјави Брајан.

Американскиот боксер има 31 година и има биланс од 21 победа (15 со нокаут) и е без пораз во професионалната кариера. Боксерот од 193 сантиметри е рангиран на 38-то место на авторитетната ранг-листа на страницата boxrec.com меѓу најтешките.

„Во моментов сме топ 3 шампиони во тешка категорија. Целиот мој фокус е да се борам со еден од нив (Фјури или Џошуа). Тие се врвни светски шампиони и се на пат да станат неприкосновен шампион во тешка категорија. Сонувам за тоа. Само ја чекам мојата шанса да го остварам мојот сон“, заклучи Брајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО