БФМ го суспендира 6 месеци Лилма Лими – тренер на Шкендија но лимит

Боксерската федерација на Македонија (БФМ), односно супервизорот на Државното првенство, Душко Сачкарски, се произнесе за настаните во Куманово по борбата до 69 килограми меѓу Гоце Јанески (Аперкат) и Љуљзим Исмаили (Шкендија но лимит) и го суспендираше тренерот на тетовскиот клуб Лима Лими шест месеци.  

„ За неспортското однесување и прекршување на Правилата во бокс на тренерот на БК Шкендија но лимит, Лима Лими, се казнува со забрана за: вршење на функција водач на екипа на боксерски натпревар, секундирање на боксери на натпревари и престој во службениот простор во спортската сала за време на боксерски натпревар во Република Македонија во рок од шест месеци, однос до 21.04. 2019 година“, се наведува во извештајот на БФМ за Државното поединечно првенство.

Супервизорот претходно објаснува што се случило по контроверзниот меч.

„На крајот од борбата во категоријата сениори 69 кг меѓу Гоце Јанески од Аперкат и Љуљзим Исмаили од Шкендија Но Лимит, при прогласувањето на победникот дојде до неспортска реакција од страна на тренерот Лими Лима тренер на БК Шкендија но лимит од Тетово и секундант на Љуљзум Исмаили, а потоа се упати кон мене, како супервизор на Првенството да протестира на судиската одлука на оваа борба. Тој викајќи и на неспортски и некултурен начин ја критикуваше одлуката на судиите, и во еден момент од раката ми ја зема бодовната листа ја изгужва и ја фрли на службената маса.

На ваквото однесување реагираше обезбедувањето во салата, бидејќи за многу кратко време кај службената маса имаше многу лица. Од страна на обезбедувањето во салата беа остранети секундантите од БК Шкендија но лимит од пред службената маса, а потоа и од салата. Оваа неспортско однесување предизвика прекинување на Првенството кое кратко траеше и продолжија преостанатите борби согласно програмата на првенството“, истакнува Сачкарски.

Супервизорот упатува порака како да се надминат во иднина реакциите од страна на тренерите,  да одржат семинари за едукација на учесниците во боксерските натпревари, за да се запознаат со измените и новините во Правилата на боксерскиот спорт од АИБА.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО