Бетербиев сака меч со Усик: Веќе го победував

Рускиот непоразен боксер и актуелен шампион на ВБЦ, ВБО и ИБФ во полутешка категорија, Артур Бетербиев, изрази желба да се бори со Украинецот Александар Усик.

„Би бил среќен да се борам со Усик во професионалниот ринг, би сакал. Верувам дека можам да му пружам добра борба. Нема да кажам дека ќе го победам Усик, иако тоа веќе го направив кај аматерите. Дури и да го победам, не сакам да зборувам за тоа“, рече Бетербиев во интервју за Јутјуб каналот ИД Боксинг.

Артур Бетербиев во својата професионална кариера има водено 18 борби и сите ги добил со нокаут. Бетербиев се бореше со Усик трипати како аматери и еднаш победи.

Александар Усик има 20 професионални борби и 20 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО