Бетербиев го предизвикува Серегеј Ковалев! (ВИДЕО)

bterebiev

Рускиот боксерски терминатор, Артур Бетербиев, веќе праќа пораки кон тоталниот доминатор во леснотешка категорија, Сергеј Ковалев (Русија). Ѕвезда, која веќе има осум победи со нокаут од осум натпревари, смета дека е подготвен да се соочи со светскиот шампион. Во аматерска конкуренција имале две средби. И во двете средби Бетербиев излегол како победник, но Ковалев се правда дека поразите со помош на судиите.

 „Кога ме прашуваат дали сакам да се борам со него, одговорот секогаш е да. Ковалев е еден од најсилните боксери во светот. Го почитувам бидејќи не станал случајно светски шампион. Само сум изненаден зошто уште не се сретнал со Адонис Стивенсон. Тоа ме изненадува“, вели Бетербиев.

Нарединот меч на Ковалев е на 12 јуни во Чикаго, САД, каде што ќе се бори против Дуду Нгумбу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО