Берат Јакупи доаѓа по искуство кај Алдун Алагаш!

Berat protiv Iran

Нашиот истакнат каратист и репрезентативец, Берат Јакупи, ќе учествува на семинатор на турскиот и светски великан на каратетото Алдун Алагаш. Покрај него, учеството го најавија и екипи/каратисти од Хрватска, Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Се очекува деновиве да пристигнат поголем број на пријави од регионот, бидејќи има големо расположение да се види поранешниот светски првак. Од домашните каратисти се очекува да се појави екс-првакот на Европа Емил Павлов, како и вториот од Државното првеснтво за сениори во категоријата до 60 кг,Шабан Муртиши, кој е и медитеранскиот првак

Алагаш (1970) е двократен светски првак -1998 и 1999 година, трократен европски шампион – 1991, 1997 и 2000 година, а во 1989 година е вицешампион и пет пати освојувал бронзен медал -1990, 1992, 1996, 1998 и 2001 година.

Haldun Aalagas tatami

Семинарот на Алагаш ќе се одржи на 5 март во Скопје, односно во наслебата Методија Андонов-Ченто. Семинарот е во органзиација на КК Куштрими од Скопје.

Турската и светска карате легенда доаѓа во Македонија за прв пат.

Сите оние кои ќе го посетат семинарот ќе имаат можност да научат многу борбени техники и тоа како се стигнува до титули.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО