Бенсон Хендерсон обезбеди нова борба за титулата, победа на братот на Лиото Мачида (ВИДЕО)

benson henderson michael chandler

Во својата втора борба за Белатор, Бенсон Хендерсон успеа да ја постигне првата победа, но со повреда на противникот.

Поранешниот шампион во УФЦ беше пасивен во пресметката со Патрицио Фреир, кој поради повреда на ногата мораше да го прекине мечот во втората рунда.

https://youtu.be/mlWAPrloNH8

Со победата во Анахајм, Хендерсон обезбеди нова борба за титулата. Во ноември ќе се борат за појасот во лесна категорија против Мајкл Чендлер. Во дебито за Белатор загуби од Андреј Корешков во борбата за појасот велтер категорија.

Георги Караханјан по втор пат го запре Бубa Џенкинс. Ерменецот во Калифорнија го нокаутираше противникот за 53 секунди, а во првото соочување славеше со гилотина.

Во Анхајм за Белатор дебитираше братот на Лиото Мачида, Чинзо (4-2). 39-годишниот Бразилец во првата рунда го нокаутираше Маријo Наваро.

https://youtu.be/3E7GMkmFKBI

https://youtu.be/KjaHWxPAH-4

Белатор 160:

Бенсон Хендерсон – Патрицио Фреир (ТКО, Р2)

Дерек Андерсон – Саад Авад (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)

Георги Караханјан – Буба Џенкинс (КО, Р1)

A.J. Мек Ки – Коди Вокер (сабмишн, гилотина, Р2)

Чинзо Мачида – Марио Наваро (ТКО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО