Бени Османоски не можеше да се справи со колената на Орловс

Колената на Јуријс Орловс беа нерешлива загатка за Бени Османоски (85 кг, К-1) на вечерашниот меч на „Кинг оф кингс“ настанот во Рига, Латвија, за Светското Гран при.

Втората рунда беше пресудна, кога на Бени му броеја и потоа набрзо се најде во нокдаун од едно летечко колено на Орловс. Крајот на рунадата го спаси Бени од праз со прекин.

Во третата рунда Орловс пак напаѓаше со колена, а Османоски тешко се справуваше со нив. Нашиот борец дури на крајот на третата рунда нападна и зададе неколку удари, но тоа беше предоцна. Орловс победи со одлука на судиите.

„Му честитам на противникот, беше подобар. Беше многу побрз и добар. Јас бев добро подготвен“, изјави Бени по борбата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО