Белју лесно го нокаутира Хеј и му ја запечати кариерата (ВИДЕО)

Тони Белју (30-2-1, 20 КО) веројатно ја заврши кариерата на Дејвид Хеј (28-4, 26 КО).

Ливерпулскиот боксер во реваншот во Лондон во петата рунда го нокаутира „Хејмејкер“ и по втор пат славеше со прекин против поранешниот светски шампион во две тежински категории.

Хеј во средината на третата рунда во поголем дел од борбата ја држеше средината на рингот и имаше мала предност, а потоа влезе во размена на удари со спуштени раце и Белју сериозно го здрма ао десно кроше и го натера на бегање. „Бомбардерот“ го следеше и повторно го уриваше со десно кроше во аголот. Хеј успеа да се подигне, но набрзо пак се најде на подот и едвај се крена. Гонгот го спаси да ја дочека четвртата рунда во кој успеа да преживее, иако имаше тешки моменти.

Во петата рунда Белју со лево кроше по трети пат го уриваше Хеј. Успеа да одговори на броењето, но по следниот напад судијата ја прекина борбата.

Во првиот меч во март минатата година Белју славеше со техничкиот нокаут во 11-тата рунда.

https://youtu.be/o82er1lRkj0

https://youtu.be/mNxPGED_Dhk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО