Белистојановски: Ќе има медали, но не како во Охрид!

Pece Belistojanovski

Овој викенд во Чачак, Србија, ќе се одржи Балканското првенство во карате за сениори, нешто порано од вообичаениот термин, како и Европското првенство, поради Европските игри во јуни во Баку, Азербејџан.

 Тренерот на сениорската репрезентација во борби, Петар Белистојановски, вели дека нашиот состав за БП е познат и дека тоа се првопласираните четворица од Државното Првенство и Плеј-оф-от во секоја категорија, само во екипниот дел, кај машките, се: Жарко Арсовски, Мартин Несторовски,Тодор Ристески, Емил Павлов,Иво Цветковски, Берат Јакупи и Симон Антиќ; а, кај женските се: сестрите Моника и Наташа Стефановска,Симона Заборска и Сара Радичевска.

 -Формата, пред се, се темпира за Европското, но и на Балканско првенство мора да се во добра форма и да постигнат добар резултат, затоа што е критериумски,- вели Белистојановски за настапот на нашата репрезентација на Балканското, како вовед во Европското првенство, кое ќе од квалификациски карактер за Европските игри.

Osvojuvaci na medali od BP

 Дали може да се повтори успехот од Охрид, минатата година, кога освоивме најмногу медали на едно БП?

-Очекувам добар настап. Тешко дека ќе може да се повтори Балканското во Охрид, но повторно очекувам неколку медаи и финалиња, истакнува Белистојановски.

Да потсетиме дека Павлов, Ристески, Цветковски и Јакупи стана шампиони на Балканот, а Муртиши и Заборска се закитија со сребрените медали, до0дека Дејан Црниќиќ беше третопласиран. Екипно го освивме бронзениот медал.

 Тој нагласува дека се уште не е утврден списокот на патници за ЕП и дека тоа ќе се знае по завршување на Балканското првенство.

 На Балканското првенство во борби –поединечно ќе настапат: до 60 кг Емил Павлов, Албион Идрзи, Шабан Муртиши и Горан Николовски; 67 кг Тодор Ристески, Дејан Црничиќ , Ненад Келебиќ и Ико Ташов; до 75 кг Иво Цветковски, Енес Смаилагиќ, Азис Исмаил и Мартин Петрески кг; до 84 кг Симон Антиќ, Берат Јакупи, Емир Ќосовиќ и Виктор Крстевски; над 84 кг Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Сашко Арсовски и Огнен Груевски.

Во женска конкуренција: (50 кг) Сара Радичевска, Алију Фајтона, Ива Николова; Марија Матракоска (-55 кг), Јулијана Аризаноска и Симона Заборска; Наташа Стефановска (-61 кг), Искра Каракаш, Бисера Младеноска и Анамарија Несторовска; Моника Стефановска (-68 кг) и Ивана Атанасова и над 68 кг Драгана Тодорова.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО