Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, го моли поранешниот шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон да не се враќа во рингот.
„Железниот Мајк“неодамна објави дека ќе се врати на боксот и објави неколку видеа во кои демонстрира застрашувачки добра форма.
Вајт е близок пријател на Тајсон и не сака повторно да го види во борба. Тој има 53 години и не се натпреварува од 2005 година, кога загуби од Кевин МекБрајд.
„Го сакам Мајк Тајсон“, рече Вајт и додаде: „Му се молам да не се бори. Му реков: изгледате одлично, сè уште си експлозивен, очигледно се уште имаш сила, ти си еден од најголемите“.
Вајт дури изјави дека е подготвен да му понуди на Мајк само за да не се бори.
„Не сакам Мајк да се бори. Ако тој едноствно наумил да направи нешто лудо може да влезе и да му измислам нешто друго, само за да го предомислам“.