Хабиб до Мек Грегор: Ти пијан ли си?

Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор уште еднаш се разбудија на социјалните мрежи.

Откако Мек Грегор го нарече Нурмагомедов „лажго“ и не го смета закана за новиот привремен шампион Џnастин Гејџи, Нурмагомедов веднаш одговори.

„Многу добро те паметам. А беше толку мил со мене таа ноќ. Повторно биди истиот, не преправај се”.

Нурмагомедов го плесна Ирецот за триумфот на УФЦ 229 кога го победи со завршница во четвртата рунда.

Мек Грегор рече на Гејџи дека нема причина да се плаши од човек кој ги прегрнува нозете, алудирајќи на стилот на борењето на Нурмагомедов. Но, како што одговори шампионот, ова е стилот кој го победи „Озлогласениот“ пред две години.

„Ги прегрнувам ли нозете? Ми се чини дека заборави оти те нокаутирав или пијан ги пишуваш овие постови? Јас те победив во стојв, те демонтирав на земја и целосно те уништив во борбата. Тоа е само бизнис“.

Мек Грегор не му остана должен па ја објави фотографијата на Нурмагомедов со своите соборци во кадата:

„Да, ги прегрнуваш нозете. Ги прегрнуваш нозете и бањате со мали кади во група со мажи, додека им ги допираш нозете”.

Сепак, Конор не застана тука и продолжи да ја напаѓа руската култура.

„Што се случува овде по ѓаволите?“, напиша Ирецот во постот, кој потоа го избриша. „Како може да бидат казнети хомосексуалците во таа земја, додека ги затвораат дома сопругите и децате и се вклучуваат во такви активности. Само мажи. Тоа е малку чудно“.

Ова не е прв напад на Хабиб за сексуалната ориентација. Сепак, Нурмагомедов соодветно одговори:

„А ти прегрнуваш ли нозе“?

Мек Грегор се врати во кафезот во јануари и го победи Доналд Цероне за 40 секунди на УФЦ 246 и се најави за титулата во лесна категорија. Сепак, следната шампионска битка, според Дана Вајт, ќе биде меѓу Нурмагомедов и Гејџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО